Поврзете се со нас

Англија

Агентот на Тонали за бомбастичниот трансфер во Премиер лигата: Не беше лесно да му се објасни проектот

Објавено

на

Њукасл ги договори сите детали со Милан и ќе исплати измеѓу 60 и 70 милиони евра за Сандро Тонали, кој откако го заврши својот настап на младинското Европско првенство, сега е подготвен за промоција.

Италијанецот се очекува да биде презентиран на „Ст. Џејмс парк“ во наредните неколку дена, а отворено за потпишаната зделка говори и неговиот агент кој беше најважен за комплетирање на преговорите.

Медиумите од Апенините пренесоа дека Тонали со солзи во очите ја примил одлуката дека Милан го ставил на продажба, по што агентот Бепе Рисо морал да го убедува дека Њукасл и Премиер лигата се вистинско место за него.

Сандро очигледно напредуваше во Милан по трансферот кој го направи во Бреша, а сега во клупската каса ќе остави и многу повисока сума од оние 27 милиони евра кои ги платија „росонерите“ за него во 2021-ва година.

– Ќе бидам искрен, на почетокот не беше лесно да му се објасни проектот на фудбалерот, но тој е доволно интелигентен и брзо сфати за што се работи. Ја најдовме најдобрата солуција за сите страни, за Сандро, за Милан и за новиот клуб. Го велам ова бидејќи тој ќе доживее НБА искуство во фудбалот. Премиер лигата во моментов е како НБА во кошарката, – вели Бепе Рисо за „СпортИталија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни