Поврзете се со нас

Италија

Агентот на Мартинез по најавените трансфери на Лукаку и Дибала во Интер: Играч како Лаутаро не смее да е игнориран

Објавено

на

Алехандро Камано, кој ја има улогата на агент на најдобриот фудбалер на Интер за изминатава сезона, Лаутаро Мартинез, ги коментираше последните најави во медиумите дека неговиот клиент би морал да замине од Интер доколку во клубот пристигнат Ромелу Лукаку и Пауло Дибала.

Не е тајна дека „нероаѕурите“ се пред ангажман на Дибала, а ја разгледуваат и опцијата за враќање на Лукаку кој јасно притиснал дека сака да се врати во Милано.

Камано истакна дека Лаутаро не смее да стравува за неговата иднина во Интер и покрај најавите дека клубот би можел да ги ангажира овие засилувањa.

– Во овој момент нема причина да размислува дека ја има и најмалата опција за заминување од Интер. Никој не ни кажал ништо, вистината е дека играч кој постигнува толку многу голови во Серија А не може да биде игнориран, но тој има уште четири години од неговиот договор.

– Среќен е, ужива во времето поминато со тимот, клубот и воопшто во градот. Нема причина да си замине. Знаеме дека фудбалот е таков, се може да се смени уште утре, но денес ситуацијата е таква, -порача Камано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни