Поврзете се со нас

Англија

Агентот на Арнаутовиќ се огласи за понудата добиена од Јунајтед

Објавено

на

Непосредно пред првиот натпревар на Манчестер Јунајтед во новата сезона, се појави информација дека клубот тргнал по Марко Арнаутовиќ, но и дека првата понуда испратена до Болоња била одбиена.

Австрискиот репрезентативец беше најдобар играч на Синиша Михајловиќ минатата сезона и беше решение за сите проблеми во нападот на Болоња, па во ситуација кога на Јунајтед му недостасува голгетер, опција на трансфер пазарот станал и Арнаутовиќ.

Наводно, поранешниот напаѓач на Вест Хем побарал од Болоња да го ослободи и да ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед, бидејќи сака повторно да ја доживее атмосферата во Премиер лигата.

Првата понуда вредна околу 10 милиони евра била одбиена, а дека претставниците на Арнаутовиќ очекуваат и втора, потврди агентот кој е и негов брат.

– Вистина е декае пристигна понуда од светски познат клуб. Веќе сум во контакт со Болоња и гледаме дали може да се реализира овој трансфер, – изјавил Даниел Арнаутовиќ за „Куриер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни