Поврзете се со нас

Франција

Абидал се огласи за скандалот: Заслужувам вакво понижување! (Фото)

Објавено

на

Случајот „Кеира Хамрауи“ предизвика фудбалски скандал во Франција, откако фудбалерката која е член на женскиот тим на ПСЖ беше нападната од две непознати лица кои и нанесоа тешки телесни повреди.

Француските власти во целата истрага го вклучија и Ерик Абидал и го испрашуваат легендарниот француски репрезентативец, за кого се дозна дека имал љубовна афера со фудбалерката, поради што се сомнева дека тој можеби ги ангажирал напаѓачите.

Абидал доживеа многу лоши работи во животот, успеа да преживее трансплантација на црниот дроб, но на емотивен план, сега сигурно ги доживува најтешките моменти бидејќи поради целиот скандал, неговата сопруга поднесе парница за развод.

Хајет Абидал е цврсто решена да го остави фудбалерот со кого е во брак од 2007-ма година и со кого има пет деца, одлука која му нанесе тежок удар на Ерик.

– Хајет Абидал, прости ми. Која и да биде твојата одлика, ти во моите очи ќе останеш жената на мојот живот и пред се, мајка на нашите фантастични деца. Го заслужувам ова понижување, дури и ако ова ме убие. Некој ден можеби ќе ми простиш, – гласи емотивната објава на Абидал на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни