Поврзете се со нас

Франција

„Жога бонито“ од Бразилецот: Мбапе го упропасти вонсериското додавање на Нејмар (Видео)

Објавено

на

Лионел Меси го украде шоуто на мечот со Троја и само потврди дека игра во врвна форма оваа сезона, но покрај неговиот гол и асистенцијата која ја имаше до Нејмар, доста популарно стана и едно видео од Бразилецот.

Нејмар делува навистина разиграно пред мундијалот во Катар и го користи секој момент за да прикаже дел од својот бразилски репертоар, кој едноставно е исполнет со неверојатни потези од кои застанува здивот.

Последниот ни доаѓа од мечот со Троја, а Килијан Мбапе и голманот на противничкиот тим се главни виновници што не видовме гол за паметење.

Нејмар изведе едно вонсериски додавање со „пируета“ и го проигра својот соиграч во нападот во „жога бонито“ стил, кој во продолжение биеше само во голманот Галјон.

Ова се случи при резултат 3:2, непосредно откако Бразилецот се запиша во листата на стрелците и го комплетираше пресвртот на „Паркот на принцовите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни