Поврзете се со нас

Шпанија

Завршен атак на „светците“: ПСЖ го купи и капитенот на Валенсија

Објавено

на

Валенсија вчера загуби од Атлетико во дерби пресметката на „Месталја“ со минимални 0:1, натпревар кој се покажа како последен за капитенот на овој тим во белиот дрес на „лилјаците“.

Карлос Солер ја носеше капитенската лента на стартот на сезоната во отсуство на суспендираниот Гаја, но „десетката“ на Валенсија нема да ја продолжи новата сезона во Ла Лига, бидејќи ја прифатил бомбастичната понуда која пристигнала на негова адреса.

Откако доцна во ноќта го договори Фабијан Руиз од Наполи, ПСЖ доста брзо пронајде заеднички јазик со Валенсија за трансфер на Карлос Солер, што и не е преголемо изненадување со оглед на тоа што договорот му истекува наредната година.

Според информациите на добро упатените шпански медиуми, Валенсија се обидела во последен момент да му понуди подобрен договор за продолжување на соработката, но веќе било доцна.

ПСЖ ќе исплати фиксни 18 милиони евра за офанзивниот играч за врска, а Валенсија за шпанскиот репрезентативец ќе може да добие уште три милиони евра во вид на бонуси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни