Поврзете се со нас

Македонија

Вуков отвора ново поглавје со трансфер во шампионски тим и учество на светско!

Објавено

на

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков минатите три сезони ги мина како возач во Порше Карера Куп Италија, каде што се етаблираше како возач кој континуирано освојуваше поени и беше рамо до рамо со оние кои имаат поголеми можности за тестирање и учење на патеките.

На прес конференцијата во Скопје, Вуков обелодени дека од следната година ќе настапува во највисокото по ранг светско натпреварување од ГТ трките, Порше Суперкуп. Негов партнер во ова натпреварување ќе биде тимот Омбра Рејсинг, кој оваа година ги освои двете титули во италијанското првенство.

– Трките од Порше Суперкуп се олицетворение за едно врвно натпреварување. Јас отсекогаш сум сонувал за Формула 1, а овие трки се возат заедно со нивните, веќе три децении. Многу познати возачи минале низ ова натпреварување и за мене е голема чест што сум прифатен да бидам дел од светскиот куп, бидејќи во него бројот на учесници е лимитиран. Соништата се остваруваат и се надевам дека заедно со новиот тим ќе успееме да постигнеме уште подобри резултати,- изјави Вуков.

Во календарот за 2023 година предвидени се осум трки, при што Вуков на прес конференцијата појасни дека досега настапувал на само две од нив.

Сезоната почнува на 21 мај во Имола, а завршува на 3 септемрви во Монца.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни