Поврзете се со нас

Свет

Вујошевиќ за случајот Миротиќ: Не му се заканувале од Звезда? Тогаш мора да се…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FCBbasket

Никола Миротиќ заврши со Барселона и се очекуваше да потпише за Партизан, но тоа нема да се случи откако играчот реши да не ја профати понудената рака, понудата од „црно-белите“.

Црногорецот со шпански пасош реши да не дојде во Белград поради заканите и навредите на негова адреса, одлука со која изднуди лавина на реакции. Имаше многу коментари во текот на денешниот ден, се јавија од Партизан, првиот човек на Звезда, Небојша Човиќ…а тука беше и реакцијата од легендарниот стратег Душко Вујошевиќ.

-Што кажа тој, кој му се заканува? Не се од Звезда? Тогаш сигурно се овие се ОКК Београд. Знам дека Миротиќ е исклучително добар човек на кого може да му се верува. Има помогнато на многу начини. Тој им подаде рака на луѓето од Партизан, веројатно не знаејќи каква е овде ситуацијата. Да сум на негово место, немаше да го повлечам зборот. Оваа ситуација не е добра за државата, Србија мора да биде безбедна за сите. Повторувам, јас да бев на негово место, ќе си останев на зборот. Ако некој сака да ме уценува, јас секако би го направил спротивното од она за што ме уценуваат, -порача Вујошевиќ за „Мак Бет“.

Миротиќ се отвори на социјалните мрежи и призна дека го одбил Партизан поради заканите кои ги добил (Фото)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни