Поврзете се со нас

Балкан

Миротиќ се отвори на социјалните мрежи и призна дека го одбил Партизан поради заканите кои ги добил (Фото)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBbasket

Никола Миротиќ се раздели со Барселона иако не прифати спогодбен раскин на договорот, но додека шпанските медиуми се занимаваат со судската парница која ќе следи, овие од регионот најмногу се фокусираа на следниот чекор на фантастичниот центар.

Црногорецот во измиантиот период беше тесно поврзуван со Партизан и неколку српски медиуми веќе го најавија како супер-засилување за тимот на Жељко Обрадовиќ, но откако се случи тоа, Никола беше жртва на сериозни навреди и закани.

Поради ваквиот турбулентен расплет во Србија, Миротиќ сега одлучи да не ја прифати понудата на Партизан, и тоа самостојно го соопшти преку обраќање на социјалните мрежи.

– Почитувани, целиот можт живот го посветив во потрга по вистината и правилен однос кон сите. Тоа е трновит пат кој бара посветеност, исто како што јас бев посветен кон кошарката, да бидам добар и секогаш да бидам играч за тимот. Вистина е, кошарката стана дел од мојот живот, кошарката влијаеше и врз развојот на мојата личност. Јас сакам да го продолжам тој пат, сакам да играм кошарка и да се радувам на оваа игра. Но, исто така сакам радост да има и моето семејство.

– Меѓутоа, со недели наназад излегуваат најразлични информации за мене и мојата кариера. Тоа се правеше против моја волја и моја желба, без мое знаење и многупати имаше натписи кои беа далеки од вистината. Некои од нив беа само фантазија и произволни заклучоци на поединци кои предизвикаа внимание во јавноста, нешто што не го сакавме јас и моето семејство. Бидејќи дојдоа информации во јавноста дека кариерата ја продолжувам во Партизан, почнаа да доаѓаат и закани и навреди кои навистина ме изненадија и повредија. Јас не сакам да бидам личност која ќе ги дели луѓето по било кој основ, а најмалку по бојата на клубот.

– Одлучив да не бидам дел од таква атмосфера и не сакам себе и своето семејство да не изложам на непријатности. Исто така, морам да напоменам дека ниту една закана не дојде од таборот на КК Црвена Звезда, со нив имам добра комуникација и максимална почит. Исто така, сакам да нагласам дека мојата желба да игра во Србија не беше условена од финансиски понуди, сакав само да играм во земјата која ја сакам, но работите не отидоа во посакуван правец. Му се заблагодарувам на Партизан за укажана доверба и желбата да бидам дел од нивниот тим, но јас сепак донесов одлука за мене и моето семејство. Најдобро ќе биде да ја продолжам кариерата во некој друг европски тим надвор од Србија, – порача Миротиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни