Поврзете се со нас

Македонија

ВМФЛ: Лидерите со минималец до нова победа, Вардар ја продолжи победничката серија

Објавено

на

Победа и Силекс остварија идентични победи со резултат 1:0 и остануваат на првите позиции во источната и западната група на Втората македонска фудбалска лига. Вардар пак ја продолжи победничката серија со триумф пред своите фанови над Гостивар со 3:1.

Силекс победи со 0:1 на гостувањето кај Кораби со голот на Љамалари, додека во истата Втора лига Запад, Вардар (стрелци на головите Мишковски, Блажевски, Петковски) беше сигурен против Гостивар за четврта победа во серија, а Воска Спорт го победи Тетекс со 2:0.

Во источната група, Победа ја победи Беласица со 0:1 (Петкоски 81′), Слога извојува идентична победа над Каменица Саса, а убедливи беа Детонит Јуниор и Кит Го-Пехчево, екипи кои славеа со по 4:0 во дуелите со Братство и Тим Локомотива.

Втора лига Исток:
Беласица-Победа 0:1
Каменица Саса-Слога 0:1
Детонит Јуниор-Братство 4:0
Кит Го-Тим Локомотива 4:0
Кожуф-Осогово 1:1

Втора лига Запад:
Вардар-Гостивар 3:1
Кораби-Силекс 0:1
Воска Спорт-Тетекс 2:0
Велешта-Охрид Лихнидос 0:0
Беса-Кадино 1:1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни