Поврзете се со нас

Македонија

ВМФЛ: Беса и Пелистер итаат кон Првата лига

Објавено

на

foto:www.facebook.com/besa.doberdoll

Беса и Пелистер безгрижно итаат кон Првата македонска фудбалска лига, а својата доминација ја презентираа и во 24-то коло во Втората лига.

Првопласираната Беса денеска се соочи со проблеми и мораше да прави преврт против Скопје, но на крајот успеа да слави и во отежнати околности и триумфираше со 2:1.

За разлика од Беса, Пелистер имаше сигурно и уверливо издание на домашен терен, славејќи победа над Арсмими со високи 3:0. Спиркоски и Христов погодија во првото полувреме, додека одлука за тоа кој ќе биде победник донесе Наумоски.

Сигурен триумф оствари и Детонит Плачковица над Осогово во Кочани (0:3), но овој тим има седум бода помалку од Пелистер на првенствената табела.

ВМФЛ резулати:
Беса – Скопје 2:1
Пелистер – Арсими 3:0
Охрид – Новаци 2:2
Беласица – Каменица Саса 1:1
Осогово – Детони 0:3
Победа – Кожув 0:1
Башкими – Караорман 5:1
Тетекс – Вардар Неготино 1:2

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни