Поврзете се со нас

АБА лига

Влезот е бесплатен: МЗТ Скопје бара помош од навивачите за пресметката со Широки Бријег во АБА2 лигата

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје им се враќа на обврските во АБА2 лигата и тоа со четвртфиналната битка против Широки Бријег.

Првата средба е закажана за во средба од 20 часот во СЦ „Јане Сандански“, средба за која македонскиот шампион бара што поголема поддршка од публиката.

Имено клубот одлучи влезот да биде бесплатен се со цел да се оствари што подобар резултат пред реваншот во Босна и Херцеговина кој ќе се игра на 17 април.

-Ниту еден наш успех не бил можен без ВАШАТА помош од трибините. Вашето навивање, аплаузите и скандирањата кај нашите момци делуваат како десетина енергетски пијалоци испиени одеднаш. Заедно секогаш сме посилни и само заедно можеме да дојдеме до посакуваната цел. Затоа, Ве покануваме задутре во што поголем број да дојдете во „Јане Сандански“, трибините да бидат исполнети до крај со нашите навивачи, симпатизери, но и сите останати спортски вљубеници. МЗТ Скопје игра за Аеродром, ама и за Македонија и заслужува поддршка од сите. ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН, -порачаа од клубот од Аеродром.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни