Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вилјаш-Боаш со интересен предлог до ФИФА поради смртта на Марадона

Објавено

на

Заминувањето на Диего Марадона ги фрли во сенка сите останати фудбалски и спортски актуелности, па дури и натпреварите кои вечерва се играа во Лигата на шампионите.

Поранешните и актуелните фудбалери, тренери и фудбалски работници се шокирани од разделбата со Аргентинецот, а свој став за значењето на Марадона има и тренерот на Олимпик Марсеј,  Андре Вилјаш-Боаш.

По новиот неуспех на неговиот тим, Португалецот испратил порака до ФИФА, со која побара дресот со број 10 да биде повлечен од употреба кај сите професионални клубови и репрезентации и тоа токму во чест на Марадона.

– ФИФА треба да го исфрли дресот со број 10 од употреба. Тој е најдобар фудбалер на сите времиња и ова е голема загуба за светската фудбалска сцена, – изјавил Вилјаш-Боаш.

Неговиот Марсеј останува единствената екипа која сезонава не постигнала гол во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни