Поврзете се со нас

Италија

Видал ја напушта Европа, бира меѓу два гиганти од Јужна Америка

Објавено

на

Артуро Видал од 2007 година настапува во Европа почнувајќи од Германија по што преку Италија, Германија, Шпанија одново е во Италија каде го носи дресот на Интер.

Меѓутоа како што стојат работите нема уште долго да биде дел од „нероаѕурите“ затоа што двете страни работат на прекин на соработката. Големиот борец има договор до јуни 2023 година, но истиот нема да биде исполнет со тоа што прашање е сумата која Чилеанецот би ја добил за раскин на договорот.

Според „Спортиталија“ калчолигашот е подготвен да плати и четири милиони евра што во оваа ситуација понатаму би било позитивно за клубот со оглед на тоа што Артуро е меѓу најплатените играчи во екипата.

Се очекува наскоро да се расчисти оваа ситуација, па Видал да побара нов предизвик кој би требало да биде во Јужна Америка и покрај интересот од Галатасарај.

Ветеранот сака да се врати на својот континент, а ќе биде меѓу Фламенго и Бока Јуниорс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни