Англија
Вернер и Челси имаат договор, но има причина што трансферот не е официјален
Челси има договор со Тимо Вернер, но за фановите беше малку невообичаено што информацијата за трансферот и натаму не е потврдена од премиерлигашот.
Дел од новинарите кои ги следат случувањата во Бундеслигата сметаат дека нема ништо спорно во желбата на Челси да ја активира откупната клаузула за напаѓачот на РБ Лајпциг, но во моментов трансферот не може да биде официјализиран.
Проблем се забраните на државите поврзани со коронавирусот, односно фактот што Вернер не може да отпатува во Лондон за да ги мине лекарските прегледи поради актуелниот протокол на Бундеслигата.
Во исто време и лекарите на Челси не можат да патуваат во Германија бидејќи потоа кога ќе се вратат ќе мора да бидат 14 дена во карантин.
Иако постои опција за ангажирање германски лекари, во Челси решиле дека е подобро да почекаат да заврши Бундеслигата или да бидат олеснети мерките за патување, посебно што клаузулата во договорот на Вернер важи до 15 јули.
-
Шпанија19 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Шпанија21 час
Џентлменски потег: Реал Мадрид со голема почит го испрати Иниеста во пензија
-
Македонија22 часа
ФК Вардар доби унгарски сопственик
-
Германија18 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Италија22 часа
Капело критикува важен играч на Милан: Создава само негативна енергија
-
Англија23 часа
Дефанзивец на Манчестер Јунајтед потврди дека оди на принудна пауза
-
Репрезентација23 часа
Димитриевски во интервјуто за „Марка“: Цела Македонија сонува за една работа
-
Свет6 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден