Поврзете се со нас

АТП

Вавринка ги анализираше тројцата најдобри играчи на сите времиња и даде интересен одговор

Објавено

на

Foto:instagram.com/stanwawrinka85

Станислас Вавринка во своите најдобри денови на АТП турот одлично ги предизвикуваше Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер и Рафаел Надал, а може да се пофали и со победи над тројцата најдобри играчи на сите времиња.

Искусниот Швајцарец се уште е активен во тенисот и ги следи сите случувања во „белиот спорт“, па последно ја коментирал и темата која сигурно вечно ќе се врти во светската спортска јавност.

Запрашан да избере свој фаворит од „големата тројка“ во трката најголем на сите времиња, Вавринка даде доста добар одговор, појаснувајќи ги главните карактеристики на секој поединечно.

– Секој од нив тројца е различна личност и станува збор за различни играчи. Ако зборуваме само за играта, за мене Федерер е синоним за талент, леснотија и генијален допир. Рафаел Надал за мене отсликува сила и миќ, а Новак е помалку совршен.

– Од она што го имам искусено против нив, вистина е деак еден од најтешките предизвици е да играте со Надал на Ролан Гарос. Од друга страна, Новак е најдобар тенисер во моментов и тоа го покажа со сето она што го оставри низ годините, – изјави Вавринка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни