Поврзете се со нас

Македонија

Вардар со многу мака го совлада Пролет

Објавено

на

Ракометарите на Вардар 1961 со доста мака дојдоа до посакуваната победа во дуелот со Пролет 62 во рамките на 9. коло од плејофот во Суперлигата.

„Црвено-црните“ пред неколку дена одиграа исцрпувачки меч со Еурофарм Пелистер, меч кој дефинитивно остави последици врз екипата која до последните секунди мораше да стравува за триумф над Пролет кој беше обезбеден со резултат 21-20.

Во првиот дел паднаа само 14 гола, односно на пауза се замина со 8-6 за домашниот тим. Гостите беа неубедливи и по паузата, се мачеа, но кога беше најпотребно собраа сили и се изборија за седмо славје во деветтиот меч во оваа фаза.

Јасухира со пест гола беше најефикасен кај Вардар, Стојановски имаше пет реализации кај поразените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни