Поврзете се со нас

Македонија

Вардар се засили со талентираниот Војнески

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Вардар денеска официјализираше уште едно засилување, поточно го потврди ангажирањето на Лука Војнески.

19-годишниот талентиран фудбалер потекнува од младинската академија на Работнички, а досега има настапувано и за Кожув и хрватска Опатија.

Војнески може да игра на дефанзивна позиција во средниот ред и како лев бек, па ќе биде добредојдено зголемување на конкуренцијата во тимот на Александар Васовски.

Вардар досега освои четири бода по пет рунди во првенството, а следниот дуел е против Тиквеш во недела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни