Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар останува без Тото по крајот на сезоната, Французинот се сели во Нант

Објавено

на

Актуелниот ракометар на Вардар, Жереми Тото, од следната сезона ќе настапува за Нант.

Французинот се враќа во својата земја по само една година мината во дресот на „црвено-црните“ и ќе го засили Нант, кој прави голема реконструкција на составот во пресрет на следната сезона.

Тото дојде во Вардар од Висла, се покажа како одлично засилување на пикерската позиција, но решил да ја прифати понудата на актуелниот тим на нашиот Кирил Лазаров, кој ја игра последната сезона во оваа екипа.

Нант го ангажира Тото како замена за српскиот репрезентативец Драган Пешмалбек кој веќе има договор со Веспрем, a за него ова ќе биде трет француски тим во кој настапувал, по Сен-Рафаел и Кретеј.

Францускиот пикер потпишал тригодишен договор со Нант.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни