Европски купови
Вардар немаше сили за изненадување против Рајн Некар Левен

Ракометарите на Вардар 1961 претрпеа пораз од Рајн Некар Левен од 34-25 во првата средба од квалификациите за пласман во групната фаза на Лигата на Европа на ЕХФ.
Новиот тим на „црвено-црните“ одигра рамноправно прво полувреме со бундеслигашот, полувреме кое заврши со нерешен резултат 14-14. Меѓутоа нашиот претставник не беше добар во првиот дел од второто полувреме, минути во кои за кратко време му дозволи на противникот да направи огромна предност од 24-17, па потоа „лавовите“ играа рутински, имаа апсолутна контрола на резултатот, играта и на крајот дојде и до убедлива победа во СЦ „Јане Сандански“.
Лазаревски со 6 и Срдановиќ со 5 гола беа најефикасни кај Вардар, додека Кнор го предводеше РНЛ со 8 погодоци.
Реваншот во Германија е закажан за 3 септември.
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Европски првенствапред 22 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Италијапред 19 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него
-
Европски првенствапред 21 час
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Шпанијапред 23 часа
Чави: Од Атлетико посебно би издвоил еден човек
-
Италијапред 21 час
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)