Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Вардар ќе уплати милион евра и ќе игра во ЛШ!

Објавено

на

Најдобриот македонски ракометен колектив Вардар 1961 ќе игра во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2021/2022 година.

Оваа информација ја потврди првиот човек на клубот Михајло Михајловски кој информираше дека ќе бидат уплатени милион евра на сметката на ЕХФ до 27 јули со што ќе бидат надминати сите пречки за учество на „црвено-црните“ во елитното натпреварување.

-Средства ќе се обезбедат, ќе бидат уплатени до крајниот рок и Вардар ќе игра во Лигата на шампионите идната сезона, –истакна Михајловски за „Слободен печат“

ЕХФ ги побара овие пари како депозит од страна на македонскиот клуб како гаранција дека ќе бидат исплатени сите долгувања кон играчите кои претходната управа ги имала кон нив.

Инаку Вардар новата сезона во ЛШ ќе ја започне на средината на месец септември со гостување во Норвешка кај Елверум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни