Поврзете се со нас

Одбојка

Уште едно репрезентативно засилување: Џио Струмица го врати и Васе Михаилов

Објавено

на

Тимот на Џио Струмица договори уште едно квалитетно засилување за наредната сезона, односно откако го врати Владо Милев успеа да ги обезбеди и услугите на Васе Михаилов.

Владо Милев се врати во Џио Струмица

Ова за искусниот Михаилов е кам-бек во старата средина по само една година мината во Вардар, а во Џио Струмица ќе има двојна улога како Милев. Имено македонскиот репрезентативец освен што ќе биде активен на теренот ќе работи со младите одбојкари во клубот кој што во последната деценија доминираше во нашата одбојка.

Амбициите на тимот од Струмица се високи за новата кампања, двојна круна во домашните натпреварувања и добар настап на европската сцена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни