Поврзете се со нас

Англија

Уште двајца фудбалери на Вотфорд во самоизолација поради коронавирусот

Објавено

на

Премиерлигашот Вотфорд веќе потврди дека еден фудбалер и двајца членови на придружниот екипаж биле позитивни на коронавирусот, а вечерва стана јасно дека уште двајца играчи мора да одат во самоизолација.

Менаџерот Најџел Пирсон потврдил дека играчите чии имиња на се соопштени мора да одат во карантин поради позитивни тестови во нивните семејства.

Адријан Мариапа беше првиот фудбалер на Вотфорд кој имаше позитивен тест, а во клубот се надеваат дека новите два случаја ќе завршат без позитивен тест, иако додека се чекаат тестовите, тие играчи нема да можат да тренираат.

– Момците се чувствуваат добро, но ваквите ситуации ни покажуваат какви компликации можат да се случат.

– Денеска сите бевме тестирани повторно, резултатите ќе ги добиеме во текот на викендот, но што и да се случи мора да се адаптираме на новата ситуација, – изјавил Пирсон.

Дополнителен проблем за Вотфорд е капитенот Трој Дини и уште неколку играчи кои не сакаат да тренираат поради ризикот од коронавирусот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни