Поврзете се со нас

Свет

Уникс е во криза: Димитријевиќ и компанија загубија и од Нижни Новгород (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Уникс Казан е во криза, а најдобар доказ за тоа е третиот пораз во низа во ВТБ лигата.

По негативните резултати против Зенит и ЦСКА Москва денеска се очекуваше одговор на избраниците на Перасовиќ против Нижни Новгород, меѓутоа беше забележан нов неуспех и тоа со резултат 78-68. Домаќините одиграа далеку подобро второ полувреме, особено последниот период кој го реализираа со 26-17 што се покажа како пресудно за триумфот на овој меч.

Уникс немаше решение за Лав кој блескаше со 28 поени. Кај поразените прв стрелец беше Мејкон со 20 кошеви, нашиот Ненад Димитријевиќ пак за 30 минути на паркетот уфрли 9 поени со 6 скока и 4 асистенции.

Нено и другарите ќе имаат шанса да се вратат на победнички пат против МБА Москва на 12 март.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни