Поврзете се со нас

Европски првенства

Угледниот „ЕСПН“ нема дилеми: Македонија го има најубавиот дрес на ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонските фудбалери веќе неколку денови се во Букурешт каде со нетрпение го очекуваат своето деби на големите шампионати и тоа на Европското првенство каде за прв ривал ќе ја имаме селекцијата на Австрија и тоа в недела од 18 часот.

Додека го чекаме тој натпревар, угледниот американски медиум „ЕСПН“ го прогласи нашиот дрес за најубав на ЕП.

Некогашниот американски репрезентативец и екс член на доста клубови од МЛС и Мексико, Еркулес Гомез Уртадо заедно со Клинтон Јејтс го издвоија нашиот дрес со сонцето како најоригинален и најтрактивен на 16. првенство на најквалитетните селекции на стариот континент.

Овде можеме да го видите како е издвоена и прогласена за најдобра нашата униформа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни