Поврзете се со нас

Англија

УЕФА ќе враќа пари на 20.000 навивачи на Ливерпул

Објавено

на

Европската фудбалска федерација (УЕФА) не се прослави со изборот на Париз за домаќин на финалето на минатогодишното финале на Лигата на шампионите во кое се соочија Реал Мадрид и Ливерпул.

На теренот се мина како што треба, „кралевите“ победија и го освоија европскиот пехар, но на трибините или поточно надвор од него имаше доста проблеми со кои се соочија пред се поддржувачите на премиерлигашот. УЕФА и француските власти имаа многу пропусти, беа направени грешки, па настана хаос пред почетокот на самото финале,

УЕФА конечни реши да ја признае грешката и ќе им ги рефундира парите на навивачите на Ливерпул кои купија влезници за финалето во Париз.

-Ги земавме в предвид големиот број на информации кои се јавно или приватно објавени и сметаме дека нашата одлука е праведна. Изработивме шема според која парите ќе им бидат вратени на сите оние кои имаа проблеми при влегувањето на трибините, -изјави генералниот секретар на УЕФА, Теодор Теодоридис.

Се работи за точно 19,618 навивачи на клубот од „Енфилд Роуд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни