Поврзете се со нас

Италија

УЕФА ќе го казни Мурињо, поранешен англиски судија побара 10 натпревари суспензија

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома смета дека била оштетена од судијата Ентони Тејлор во финалето на Лига Европа, а тренерот Жозе Мурињо реши директно да му ги пренесе своите „впечатоци“ на англискиот судија.

Португалецот упати критики и навредливи зборови на сметка на Тејлор на паркингот на стадионот во Будимпешта, а видеото кое го обиколи светот ќе му донесе и казна.

УЕФА потврди дека отворила дисциплински случај за непристојното однесување на Мурињо и наскоро ќе објави каква мерка ќе му биде определена на тренерот на Рома.

Во меѓувреме, поранешниот англиски судија Кејт Хакет побара жесток одговор од УЕФА, односно сериозна казна за Мурињо, но и за Рома, бидејќи нејзините навивачи го нападнаа Тејлор на аеродромот.

– Тејлор поминал години и години во судење за да дојде на ова елитно ниво и отсуди натпревар во кој немаше поголеми инциденти, а потоа добива таков однос на аеродромот.

– Мурињо треба да добие суспензија на 10 натпревари, а УЕФА треба да исфрлува клубови од европските натпреварувања за да се спречи вакво однесување, – истакнал Хакет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни