Поврзете се со нас

Шпанија

Тренерот на Валјадолид му се налути на Сетиен

Објавено

на

Кике Сетиен се чини нема да издржи долго на клупата на Барселона, а со своето однесување успева да ги налути и колегите од противничките тимови.

Таква е ситуацијата со тренерот на Валјадолид, Серхио Гонзалес, кој по вчерашниот минимален пораз од Барселона, негодувал на изјавата на Сетиен.

Наместо честитки за борбената и квалитетна игра, Сетиен порачал дека Барселона била многу подобар тим и требало да постигне неколку голови уште во првиот дел.

– Ова не е фудбалски проблем, Сетиен секогаш сака да не минимизира. Тоа го правеше уште додека беше во Бетис.

– Видовме што се случуваше на теренот, ако некој имаше опасни шанси, тоа бевме ние, – изјавил Гонзалес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни