Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тренерот на Адеми и Ристовски: Пак ќе се срамиме во ЛШ!

Објавено

на

Динамо Загреб на нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми успеа да се пласира во групната фаза на Лигата на шампионите и тоа откако во завршната квалификациска рунда успеа да ја добие битката со Бодо Глимт.

Хрватскиот тим славеше со 4-1 по продолженија и со тоа уште еднаш потврди дека е најдобриот клуб на овие простори и пошироко, клуб кој има јасна стратегија, визија, клуб кој веќе редовно игра во натпреварувањата кои се под капа на УЕФА.

Тренерот Анте Чачиќ секако е среќен поради пласманот во ЛШ, но во исто време порача дека жали што ќе мора да ги дочекаат противниците на стадион каков што е „Максимир“.

-Момците ме направија најсреќниот човек на светот. Нема да биде лесно да се игра во ЛШ, ќе мора да се жртвуваме, најмногу поради тоа шт ќе играме на стадион кој навистина не доликува за такво натпреварувње. Ќе ни доаѓаат најдобрите тимови на светот, а ние ќе се срамиме и ќе ги пречекаме на стадион каков што е „Максимир“, -истакна искусниот стручњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни