Поврзете се со нас

Формула 1

Тото Волф не сака да ја исклучи евентуалната соработка на Мерцедес и Фетел

Објавено

на

Тимскиот шеф на Формула 1 тимот на Мерцедес, Тото Волф, потврдил дека ќе ја следи ситуацијата со разделбата на Ферари и Себастијан Фетел и засега не сака да исклучи евентуална соработка со Германецот.

Во интервјуто за „Скај Спортс“, Волф зборувал на повеќе теми, но и за евентуалното ангажирање на Фетел, посебно што Мерцедес е единствен меѓу водечките клубови без потврден возач за следната сезона.

Договорите на Луис Хамилтон и Валтери Ботас истекуваат во декември.

– Себастијан е четирикратен светски шампион и фактот што одеднаш остана без ангажман е изненадување.

– Затоа, тоа е ситуација која треба да се следи, каде би можел да замине, до каде сме ние со нашите возачи и поради ова не би го отпишал Фетел од некое седиште.

– Приоритет ни се нашите возачи, Луис, Валтери и јуниорите, Џорџ Расел е еден од нив, додека Окон во моментов е дел од Рено. Само ако најдеме решение за тие возачи, тогаш можеме да погледнеме на друга страна, а Себастијан дефинитивно ќе биде во добра позиција, – изјавил Волф.

Подоцна, првиот оперативец на Мерцедес повторил дека не се работи замо за учтивост во неговите изјави.

– Мислам дека на еден четирикратен шампион му должиме да не избрзуваме со негово „отпишување“. Мора да се размисли на таа тема. Од една страна имаме одличен тим и Расел, но од друга, еден од нив може да реши дека веќе не сака да се натпреварува и веќе имате празен болид, – дополнил Австриецот алудирајќи и на потегот на Нико Розберг, кој изненадувачки се повлече откако ја освои титулата во 2016 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни