Поврзете се со нас

Италија

Тоти за ситуацијата во Серија А: Не го отпишувајте Јувентус, сезоната ќе биде неизвесна

Објавено

на

Франческо Тоти ја коментирал ситуацијата во Серија А, односно неговите очекувања во битката за титулата која се чини ќе биде понеизвесна од таа минатата сезона.

Распределбата на квалитетот најавува жестока борба меѓу повеќе екипи, а Тоти вели дека не постои тим кој може да доминира.

– Се уште сме на почеток, рано е да се дава поточна прогноза.

– Јувентус има слаб почеток, но сигурен сум дека ќе се врати на своето ниво, тоа е екипа која не треба да се отпишува.

– Сметам дека Рома и Наполи имаат потенцијал да стигнат до подобри резултати во однос на минатата сезона. Најважно е што нема екипа која би доминирала, работите ќе бидат појасни по една четвртина од натпреварите, – изјавил Тоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни