Поврзете се со нас

Италија

Тоти за Де Роси: Не очекував дека ќе биде до толку добар….

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Франческо Тоти беше човекот кој му ја предаде капитенската лента на Даниеле Де Роси и двајцата доживеаја навистина убави моменти во соблекуваланта на Рома, па поради симпатиите кои ги чувствува кон својот пријател, последните резултати на тимот уште повеќе го радуваат „принцот од Рим“.

Тоти е изненаден од неверојатната трансформација која ја направи Даниеле во првиот тим на Рома и се радува на позитивните резултати, но во обраќањето прави најава и за четвртфиналните дуели против Милан во Лигата на Европа.

– Да бидам искрен, не очекував дека ќе биде до толку уште на самиот старт, но потајно се надевав на такво нешто. Со ова што го прави, потврдува дека е одличен тренер и како секој фан на Рома, се надевам дека ќе продолжи исто како досега.

– Рома е тежок клуб за водење и постојано бара да се бранат вредностите. Даниеле го познава градот, ги познава навивачите и клубот и знае да спои се во едно. Поради тоа, играчите го даваат максимумот за него, – вели Тоти, кој потоа се осврнува на пресметките со Милан во Европа.

– „Росонерите“ се добар тиим, имаат тројца или четворица важни играчи и очекувам извонредни пресметки. Се надевам дека Рома ќе биде подобра. Можеби мал фактор предност за Милан ќе биде искуството во Европа, но овој Милан не е оној стариот Милан, – завршил Франческо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни