Поврзете се со нас

Италија

Тоти ги советува Де Роси и Рома да го продадат Дибала: Тој е топ фудбалер, но игра само……

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Франческо Тоти е составен дел од „Олимпико“ на речиси секој важен натпревар кој го игра Рома на домашен терен, а како жива легенда на клубот која чека повик од „волчицата“, сега си даде за право да испрати и еден брутален предлог до тренерот Де Роси и управата.

Тоти во интервјуто за „Кориере дело Спорт“ потенцира дека ќе се врати како директор во Рома во моментот кога ќе добие повик од клубот, но далеку поголемо внимание привлече со изјавата која ја дал за Пауло Дибала.

Аргентинецот е светска класа фудбалер и тоа никој не може да го оспори, но Тоти смета дека Рома нема да профитира од фудбалер кој е често повреден и кој игра по 15-тина натпревари во сезона.

– Дибала е топ класа, зборуваме за топ фудбалер, но треба да размислиме во кој правец сака да оди клубот во иднина и какви цели ќе има следната сезона.

– Ако јас бев директор или тренер, сериозно ќе размислев за фудбалер кој игра само по 15 натпревари годишно. Ако имам важни цели и ако мојот најдобар играч е достапен само за 15 натпревари, мора да направам поинакви проценки, – вели Тоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни