Поврзете се со нас

АТП

Тони Надал за контроверзите со Циципас: Фановите би биле во шок ако тоа го направат Надал или Федерер

Објавено

на

Тони Надал во својата последна колумна за „Ел Паис“ се фокусирал на контроверзите со Стефанос Циципас и неговите долги тоалет паузи на Ју-Ес Опен, но и големиот успех на тинејџерот Карлос Алкарас.

Чичкото и поранешен тренер на Рафа Надал вели дека Циципас ги користи недоволно јасните правила, но неговото однесување не доликува на големите спортисти.

– Мислам дека тениските фанови не би можеле да замислат Рафа или Рожер Федерер да земаат долги паузи за да стигнат до победата.

– Циципас без дилеми е одличен тенисер и се надевам дека во иднина ќе победува без да користи трикови. Мислам дека дел од вината е и на АТП, бидејќи мора да се лимитираат ваквите паузи, – напишал Надал.

Искусниот тренер смета дека неговиот сонародник Алкарас има голем потенцијал.

– Алкарас е голем потенцијал на шпанскиот тенис. Не само да освојува трофеи, туку да биде и вистински наследник на големата тројка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни