Поврзете се со нас

НБА

Томпсон погоди со својата препознатлива техника, па славеше во лице на противникот (Видео)

Објавено

на

Божиќната програма во НБА лигата донесе доста интересни пресметки, но и тензија на дуелот меѓу Голден Стејт и Мемфис кој се играше во „Чејс центарот“.

„Воините“ им се вратија на победите без Стеф Кари во тимот и славеа со 123:109, пред се благодарение на расположените Пул и Томсон кои уфрлија по 32 и 24 поени.

Клеј по натпреварот посебно го пофали соиграчот Пул и нагласи дека ја преземал улогата на повредениот Кари, но дефинитивно и тој влијаеше за ерупција во салата при еден момент во завршницата.

Томсон карактеристично погоди со скок-шут во свој стил во моментите кога се одлепуваше Голден Стејт, при што реши да слави во лице на противникот.

Брукс се судри во соиграчоте и лизгаше по паркетот, а Томспон го искористи тоа за да му слави во лице.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни