Поврзете се со нас

Свет

Томовски со „десетка“ ја заокружи приказната со Лудвигсхафен, Пешевски, Миркуловски и Кузмановски непоразени

Објавено

на

Попладнево се игра завршното 38. коло во германската Бундеслига, коло по кое за шампион беше крунисан составот на Кил кој за тоа се избори со ремито во дербито против Рајн Некар Левен (25-25).

Ова беше ден во кој четворица македонски репрезентативци беа активни со тоа што за еден од нив голманот Мартин Томовски ова беше последен настап во Германија со оглед на тоа што од наредната сезона ќе го гледаме во Вардар.

Томовски во завршниот меч за Лудвигсхафен забележа 10 одбрани, ама тоа не се покажа како доволно за поволен резултат против Гепинген (27-25).

Кружниот напаѓач Жарко Пешевски даде три гола од четири обиди, а неговиот Штутгарт ремизираше против Мелсунген (26-26).

Победи пак прокнижија Филип Миркуловски и Филип Кузмановски, првиот беше автор на еден погодок во триумфот на Вецлар над Минден од 28-25.

Кога е во прашање Кузмановски и Хановер тие беа подобри од Лајцпиг со резултат 31-28. Македонецот не се запиша во листата на стрелци, меѓутоа запиша три асистенции.

На крајот Вецлар заврши како десетти, Хановер е единаесетти, Штутгарт е 14 со 32 бодови, додека пак Лудвигсхафен ја комплетираше кампањата на 17 позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни