Поврзете се со нас

Македонија

Тинекс Пролет со убедлива победа го заокружи настапот во Суперлигата

Објавено

на

Тинекс Пролет го комплетираше настапот во првата фаза на ракометното првенство, односно Суперлигата, со очекувана победа над Јуниор Кисела Вода.

Скопскат пресметка му припадна на фаворитот со резултат 34:20, па Тинекс Пролет ја потврди втората позиција во А групата, откако уште претходно имаше обезбедено настап во плејофот.

Домаќините можеа да комбинираат со составот, на полувреме водеа со 17:10, а го завршија натпреварот со двојно поголема позитива во однос на РК Јуниор.

Тинекс Пролет го заврши овој дел од шампионатот со 8 победи и 4 порази, додека Јуниор Кисела Вода остана на само 2 победи сезонава.

Јовановски бил најефикасен со 9 постигнати голови, а Мелоски постигнал 5 на оваа средба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни