Поврзете се со нас

НБА

Тим Џејлен победи на отворањето на Ол-стар викендот, МВП наградата за домашен играч

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Pacers

Индијанaполис е домаќин на новото издание на НБА Ол-стар викендот, а фановите во првата натпреварувачка ноќ имаа можност да го проследат соочувањето на четири екипи кои беа дел од ноќта на „Ѕвезди во подем“.

Дебитанти, неколку членови на Г лигата и кошаркари кои ја играат втората сезона беа поделени во четири екипи, чии тренери беа Џејлен Роуз, Пау Гасол, Детлеф Шремф и Тамика Кечингс.

Тимот Пау во кој настапуваше Виктор Вембенјама загуби уште во полуфиналето, додека до две победи стигна Тим Џејлен, кој на крајот го освои трофејот.

За МВП е избран Бенедикт Мадерин, инаку член на Индијана и миленик на домашната публика, а кој го предводел тимот Џејлен на патот кон трофејот.

Следни на програмата се натпреварувачите во забивање, шутирање тројки, како и веќе традиционалниот натпревар во кошаркарски вештини.

Како посебен атрактивен дел ќе биде тројкашкото соочување на Стеф Кари и Сабрина Јонеску.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни