Поврзете се со нас

Германија

Таткото на Халанд откри кога напаѓачот ќе се врати на терените

Објавено

на

Германскиот прволигаш Борусија Дортмунд веќе некое време не може да смета на услугите на својот најдобар играч и голгетер Ерлинг Халанд.

Напаѓачот е во „аут“ од 19 октомври и тоа е дефинитивно проблем за Дортмунд, клуб како што стојат работите ќе мора уште доста време да бара други решенија затоа што Халанд нема за брзо време да се врати на теренот. Имено таткото на Норвежанецот, некогашниот член на Манчестер Сити и Лидс Јунајтед, Алф-Инге откри дека неговиот син многу веројатно ќе биде недостапен до крајот на оваа календарска година.

-Релативно добро му оди со оглед на ситуацијата, но ќе отсуствува уште некое време. Би било бонус ако добие некои натпревари пред Божиќ, но тоа е малку веројатно, -рече Алф Инге.

Ова значи дека Ерлинг ќе ги пропушти преостанатите седум средби во Бундеслигата пред зимската пауза, но и завршните дуели од групната фаза на ЛШ против Спортинг Лисабон и Бешикташ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни