Поврзете се со нас

Свет

„Суперкласико“ во полн сјај: Прославата на Бенедето ја обиколи Јужна Америка, Рохо со кунг-фу потег замина на туширање(Видео)

Објавено

на

Бока Јуниорс влезе во победнички ритам и го забележа четвртиот триумф во низа во најсилната фудбалска лига во Аргентина, но овој последниот беше најсладок за сите страствени фанови на „Бомбонера“ стадионот.

Во големото „Суперкласико“ дерби против Ривер Плата, на крајот пресуди еден гол кој беше постигнат на средина на второто полувреме, а кој беше дело на Бенедето.

Искусниот Дарио постигна гол со глава и неговата прослава е вистински хит во Јужна Америка, бидејќи емоциите и страстите кои ги покажа заедно со фановите направија сцените да стана вирални.

Неговиот гол се покажа како одлучувачки за победа и големи три бода, но тензичното дерби сепак не заврши без црвен картон, а за тоа се погрижи Маркос Рохо.

Поранешниот играч на Јунајтед со кунг-фу потег го патосираше противникот во 97-та минута, па предвреме отиде на туширање и ја предаде капитенската лента.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни