Поврзете се со нас

Балкан

Супер партија на Македонецот: Тричковски даде два гола и запиша мајсторска асистенција за АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Иван Тричковски продолжува да игра на високо ниво во дресот на АЕК Ларнака каде забележа голови и асистенција на прволигашкиот дуел против Олимпијакос Никозија.

Фаворитот славеше со 4-2, а поранешниот македонски репрезентативец директно учествуваше во три погодоци. Тој погоди во 44 и 95 минута, додека во 92 минута имаше мајсторско додавање до Рафа Лопес кој реализираше за 3-2 во тој момент.

Тричко игра фантастично овој месец во кој ја затресе мрежата на Фенербахче во ЛЕ и на Анортозис и Арис Лимасол во Кипар.

Со 4 голови е на третото место на листата на стрелци, АЕК Ларнака со 13 бода е на 4 лигашка позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни