Поврзете се со нас

Свет

Супер гол на нашиот интернационалец: Амановиќ се „прошета“ низ целиот терен и со мајсторски удар го матираше Тобол (ВИДЕО)

Објавено

на

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Алекса Амановиќ постигна атрактивен гол за Астана во првата лига на Казахстан.

Амановиќ ја „грабна“ топката од својата половина и тргна одлучно кон противничкиот гол и кога стигна на некои 20 метри со мајсторски одмерен удар го матираше Тобол за водство од 2-0 во тие моменти. До крајот гостите дадоа почесен погодок, но трите бода останаа кај составот на Астана.

Ова за Алекса беше прв сезонски погодок и истиот дојде против поранешниот тим за кого играше од 2020 до 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни