Поврзете се со нас

Македонија

Стјепановиќ ја продолжи соработката со Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Тимот на Еурофарм Пелистер почна да го гради составот за следната натпреварувачка сезона, па така откако пред неколку денови беше објавено дека во Битола доаѓа Марио Танкоски од Металург, денеска стигна информацијата дека е продолжена соработката со Невен Стјепановиќ.

Искусниот бек беше еден од најважните играчи на „фармацевтите“ се до повредата против Мешков Брест во СЕХА Гаспром лигата. Токму тие негови партии му донесоа нов договор со Пелистер, односно тој се очекува да му се стави на располгање на тренерот Жељко Бабиќ на почетокот од подготовките за сезоната 2020/21.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни