Поврзете се со нас

Светски првенства

Стерлинг го пропушти дуелот со Сенегал затоа што морал итно да отпатува во Лондон

Објавено

на

Англиската фудбалска репрезентација оствари убедлива победа над Сенегал во осминафиналето на СП, но селекторот Герет Саутгејт мораше да го почне дуелот без еден од своите најважни фудбалери.

Медиумите најавуваа дека Рахим Стерлинг сигурно ќе го почне осминафиналето од првата минута, но наместо тоа, селекторот пред дуелот објави дека фудбалерот на Челси е ослободен од обврските поради фамилијарни обврски.

Иако не се достапни повеќе детали за причината, дел од медиумите најавија дека Стерлинг веќе се упатил кон Лондон и засега не е јасно кога би се вратил во Катар.

Новинарот Мет Лоу од „Телеграф“ ексклузивно објави дека причина за невообичаеното заминување е вооружениот грабеж кој непознати лице синоќа го извеле во домот на Стерлинг.

Инцидентот се случил додека семејството на фудбалерот било дома, а крадците си заминале со богат плен во разни вредни предмети. Стерлинг бил ослободен за да се увери дека неговите најблиски се во ред, па самиот ќе направи процена дали може да им се врати на мундијалските обврски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни