Поврзете се со нас

АТП

Србљак направи голем скок на АТП листата, Ивановски се лизна четири позиции

Објавено

на

Горазд Србљак е единствениот македонски тенисер кој забележа напредок на најновата листа која ја објави Асоцијацијата на тениски професионалци.

Србљак со позитивните настапи во изминатиов период обезбеди скок од 40 места и со вкупно 8 поени дојде до 1117 позиција во светскиот поредок.

Најдобриот наш рекет Калин Ивановски имаше пад од четири места (366), а од домашните асови ранг има уште Обрад Марковски, кој е на 1213 на планетава (пад од 59 позиции).

Во конкуренција на двојки Ивановски е на 583 место (пад 17 места) и четири поени помалку од пртеходното рангирање (86). Марковски е на 988 место со 32 поена (пад за пет позиции), додека Берк Бугариќ е рангиран на 1263 место со 16 поени, а има скок од 13 места. Без промена на рангот и поените е Србљак со 11 поени на 1453 место.

Кога се работи за самиот врв, елитата тука број еден одново е Карлос Алкарас кој го истурка Новак Ѓоковиќ на второто место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни