Поврзете се со нас

АТП

Србљак на чекор од главата фаза на фјучрсот во Анталија

Објавено

на

Foto: FB/Македонски тенис Makedonski tennis

Македонскиот тенисер, Горазд Србљак е на добар пат да обезбеди место во главната фаза на фјучрсот во Анталија (Турција) кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Горазд треба да мине уште една пречка во квалификациите и тоа тинејџерот од Аргентина, Фернандо Кавалјо. Имено нашиот рекет денеска беше подобар од Војчех Мареш со 2-0 во сетови (64 63), а претходно го надигра Андреј Думитреску од Романија.

Србљак треба да биде внимателен со Кавалјо затоа што денеска го доби првиот носител во квалификациите, Ерик Арутиуниан со 2-1 во сетови по два часа игра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни