Поврзете се со нас

Свет

Срамен инцидент: Поранешен руски репрезентативец претепа судија на хуманитарен меч (Видео)

Објавено

на

Поранешниот руски репрезентативец Роман Широков ја шокираше фудбалската јавност поради инцидентот кој го предизвика за време на хуманитарен натпревар.

Широков кој освојуваше трофеи и настапуваше во европските купови во дресот на Зенит, барал пенал во една спорна ситуација, а откако не го доби, почнал да го навредува судијата.

Очигледно, зборовите биле толку „сочни“ што судијата решил да му покаже црвен картон, по што следува најголемиот шок, ударот од Широков, кој дури и продолжил да го клоца судијата додека овој лежел на тревата.

Видео снимката ја потврдува бруталноста на Широков и заслужените осуди кои ги добива од цела Европа.

Судијата има повреди на лицето и напукнато ребро, па иако на почетокот поднел пријава за фудбалерот, решил да се повлече затоа што Широков имал многу врски меѓу влијателни луѓе во Русија. Сега останува само полицијата да го гони по службена должност.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни