Поврзете се со нас

Англија

Солскјер го губи трпението со фудбалер кој одбива да потпише нов договор

Објавено

на

Манчестер Јунајтед има уште поквалитетен тим во однос на претходната сезона, а за менаџерот Оле Гунар Солскјер тоа подразбира и многу повеќе главоболки во однос на составот и одржување баланс во соблекувалната.

Норвешкиот стручњак веќе има проблеми со Дони ван де Бек, но се чини позагрижувачки за него се компликациите со Џеси Лингард.

Офанзивниот фудбалер се врати во Јунајтед и сезонава имаше неколку важни потези кои донесоа победи за екипата, но одбива да потпише нов договор.

Актуелниот истекува во јуни, а Лингард иако задоволен од финансиската понуда (135.000 фунти неделно), сакал гаранции од Солскјер дека ќе добива соодветна минутажа.

Менаџерот го губи трпението и ако Лингард наскоро не стави потпис на договорот, клубот ќе се обиде да го продаде во јануари по пониска цена, за да не дозволи да замине без отштета во следниот преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни