Поврзете се со нас

Европски првенства

Словенија со ракометна лекција за Полска до втората фаза на ЕП

Објавено

на

Словенија десеткувана пристигна на континенталниот собир и имаше тежок меч на премиерата против Фарски Острови, но победата над аустајдерот денеска беше надополнета со блескаво издание против Полска.

Словенците си обезбедија пласман во втората фаза на Европското првенство со втората победа во својата група, па сега во третото коло само ќе решаваат дали ќе можат да и парираат на фаворизираната Норвешка.

Полјаците немаа сили за балканската репрезентација и претрепеа тежок пораз со резултат 32:25, кој воедно прави тие да бидат многу блиску до елиминација од континенталниот турнир.

Полска загуби и на првиот меч од селекцијата на Норвешка, па двата убедливи порази се гаранција за рана елиминација од турнирот кој се игра во Германија.

Покрај Словенија, втори победи остварија и селекциите на Холандија и Португалија, па и тие се со една нога во наредната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни