Поврзете се со нас

Светски првенства

Словенија прокоцка голема предност против Египет и остана без четвртфинале на СП

Објавено

на

Словенија прокоцка голема предност на почетокот на второто полувреме (15:10), го врати Египет во живот и на крајот не успеа да го победи домаќинот на ракометното Светско првенство (25:25).

Избраниците на Љубо Врањеш на полувреме водеа со 12:8, потоа имаа и 15:10, но примија пет голови во серија (три по напад без голман) и индиректно го мотивираа Египет, кој до крајот најчесто имаше минимално водство.

Египет влезе и со плус два во последните две минути, не успеа да постигне гол, но тоа беше доволно за реми, што значи пласман во четвртфиналето, односно елиминација за Словенците.

Санад со 7 и Омар со 6 голови беа најефикасни кај Египет, додека Јанц со 6 погодоци беше најдобар реализатор во редовите на Словенија.

На вториот натпревар, Норвешка го доби скандинавското дерби со Исланд (35:33) и на тој начин ја заврши својата работа во битката за четвртфиналето.

Норвежаните сега треба да очекуваат поволен исход на дербито меѓу Франција и Португалија, за да бидат сигурни дека ќе се пласираат во следната фаза.

Сагосен со 9 и Рајнкинд со 6 голови биле најдобри стрелци за Норвешка во триумфот над Исланд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни